Американските власти приведоа 538 илегални мигранти и депортираа стотици во масовна операција извршпена само неколку дена во втората администрација на претседателот Доналд Трамп,објави синоќа неговиот секретар за печат.

„Администрацијата на Трамп приведе 538 криминалци илегални имигранти“, наведе Каролин Левит во објавата на социјалната платформа Х. Таа додава дека „стотици“ биле депортирани со воени авиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2025 14:40