Високи републикански претставници на Конгресот побараа од американските безбедносни агенции да започнат поефикасно да се спротивставуваат на заканите од терористичките организации, како што се Исламската држава и Ал Каеда, соопшти Одборот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом.

Проценката на заканата објавена од Одборот акцент става на нападот во Њу Орлеанс во кој се убиени 14 лица, како и апсењето на осум државјани на Таџикистан во јуни 2024 година, осомничени дека се поврзани со Исламската држава, пренесе Гласот на Америка.

Терористичкиот напад во Њу Орлеанс е остар потсетник дека терористичките закани се присутни во Америка.

„Странските терористички организации и џихадистичките мрежи во странство се посветени на регрутирање и радикализирање на поединци на американско тло“, изјави претседателот на одборот, републиканецот Марк Грин.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2025 14:50