Ваквиот план за намалување на бирократијата е наведен во нацртот на т.н. Компас за конкурентност што го најави Европската комисија, а во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“.
Како што посочува порталот, планот се базира на „новата мантра“ на ЕК: „Поедностави и забрзај“ и има за цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.
- Враќање на конкурентноста на Европа бара да се отиде многу подалеку од досега во намалувањето на бирократијата. Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во предлог-документот.
Со планот се повикува и на посилна интеграција на единствениот европски пазар и на пазарот на капитал на ЕУ и „освежен пристап“ кон политиката на конкурентност на Унијата, со цел да се охрабрат компаниите на засилена соработка и да се поттикнат приватните инвестиции.
Компасот за конкурентност според најавите треба официјално да биде промовиран идната среда