Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.

Според Кире Јоноски, директор на Болницата, контролата почнала вчера.

-Финансиската полиција го испитува работењето на Болницата во последните години. За одредени финансиски нелогичности како ново раководство укажавме. Контролата започна вчера, потврди за МИА Јоноски.

Финансиската полиција врши проверка и ова е во предистрага



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2025 05:34