Земјотрес е почувствуван попладнево во северозападните делови на државата, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1. Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, се вели во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2025 05:34