Енди Мареј минатата година ја заврши својата тениска кариера, а годинава во тренерската работа влезе како соработник на Новак Ѓоковиќ. Тие двајца работеа заедно пред и за време на неодамна завршениот Австралија опен, а кога се беше готово, Британецот ги опиша своите почетоци во новата професија.

Со првичното признание дека тоа било сосема поинакво искуство, иако поминал толку многу време во спортот. И постигна прилично голем успех и покрај проблемите со повреди, операции, рехабилитација...

-Отсекогаш знаев дека ќе уживам во тренерската работа. Никогаш не мислев поинаку, но има работи што ги научив кои можеби беа малку поинакви од она што го очекував. Дефинитивно има области каде што ќе треба да се подобрам, на пример, во техничкиот дел на играта. Како играч, би ги разбрал основите, но не толку добро како некои многу искусни тренери со кои сум работел во текот на годините, кои биле многу силни во таа област, изјави Мареј.

Со увид во двете сфери, освојувачот на Гренд слем трофеи и олимписки медал тврди дека е потешко да се тренира некого отколку да се биде нечиј ученик. Особено што „огненото крштевање“ го имаше со тенисерот од Србија, кому му е тешко да открие нешто ново откако ги помести сите можни граници на „белиот спорт“.

-Ќе ги демантирам луѓето кои велат дека е потешко да се гледа од страна. Знам колку може да биде стресно таму... Чувствував голема нервоза при подготовките за натпреварите, но кога го гледав тоа, се чувствував како да можам да се исклучам. Се чувствував смирен од страна. На крајот од мечот со Алкараз или во важни моменти се чувствував нервозен, но не во иста мера кога играте, порача Британецот.

Откако го победи младиот Шпанец во четвртфиналето на АО, Новак истрча до Мареј за да го прослави својот триумф. Логично, но важно и убаво и за новиот тренер и за десеткратниот шампион на споменатиот турнир, кој поради повреда го загуби полуфиналниот дуел од Александар Зверев.

-Тоа беше „кул“ момент. Сите беа прилично возбудени по мечот, со оглед на тоа како се чувствува. Тоа беше нереален тенис. Неверојатни перформанси. Бев изненаден кога дојде бидејќи некако прославивме по меч топката. Беше воодушевен од победата и од начинот на кој играше и помина во следната рунда. Убав момент“, заклучи Мареј, кој се уште не е познато дали ќе ја продолжи соработката со Ѓоковиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2025 05:43