Македонскиот тенисер Калин Ивановски е елиминиран во првата рунда на Челинџер турнирот во американскиот град Кливленд.
Поуспешен од Ивановски беше петтиот носител домашниот тенисер Брендон Холт со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1) за еден час игра.
Холт во моментов се наоѓа на 181.место на АТП листата што е само една позиција послаб ранг од неговиот најуспешен во кариерата (180 место во мај 2022 година).
Инаку, Холт кој има 26 години е син на поранешната тенисерка број 1 во светот Трејси Остин.
Турнирот во Кливленд е од рангот Челинџер 75 и се игра за награден фонд од 100.000 долари.