Втора година по ред лицата без религиска припадност се најголемата група во Швајцарија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во оваа земја.

Свисинфо (Swissinfo) посочува дека во текот на 2023 година продолжил да расте бројот на Швајцарци без верска припадност, достигнувајќи 36 отсто од популацијата. Претходната 2022 година оваа бројка изнесуваше 34 отсто.

Истовремено, уделот на католици во вкупната популација Швајцарци опадна од 32 на 31 отсто, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика. Членовите на националната евангелистичка реформирана црква опаднаа од 21 на 19 отсто.

Без разлика на својата верска припадност, дури 87 отсто од оние кои посетуваат колективни црковни служби од еден до пет пати годишно го прават тоа од социјални причини, како што се свадби или погреби.

Што се однесува до децата, во 2019 година речиси една третина од помладите од 15 години немаа религиозна припадност, во споредба со една четвртина во 2014 година. Во истиот период, уделот на протестантските деца опадна од 23,1 на 19 отсто.

Промените забележани во други религиозни определби помеѓу 2014 и 2019 година не се значајни



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2025 18:19