Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми.

Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо.

Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има затрупани луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2025 19:00