Шведската полиција утринава уапсила 45-годишен маж пред руската Амбасада во Стокхолм, откако со автомобилот удрил во ограда во обид да влезе во забранетата област, јавува шведскиот Афтонбладет.

-Еден човек удрил со својот автомобил во оградата на амбасадата. Тој сè уште беше на местото на настанот кога стигнавме, изјави Даниел Викдал, портпарол на регионалната полиција во Стокхолм.

Мажот сега е осомничен за обид за тешко неовластено влегување.

-Се сомневаме дека се обидел да влезе во областа со пробивање на оградата со својот автомобил, но не успеал во намерата, рече Викдал



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2025 19:07