Минатата година, трговскиот дефицит достигна историски рекорд, бидејќи извозот падна со најбрзо темпо во последните 20 години. Односот на покриеност на увозот и извозот падна на 41,7% во 2024 година од 51,7% во 2023 година, објавија албанските медиуми.
Слободниот пад на извозот во 8-те главни групи стоки ги сноси последиците од падот на вредноста на еврото во однос на домашната валута, зголемените домашни трошоци и падот на странската побарувачка. -Од друга страна, развојот на туризмот, наместо да се поврзува со домашното производство, го поттикнува растот на увозот. Експертите ги анализираат последиците од падот на производството и зголемената зависност на економијата од туризмот и градежништвото, наведуваат медиумите.
Дека албанската економија ја загуби конкурентноста на меѓународните пазари докажаа и податоците за надворешно-трговската размена за годината што штотуку замина. Извозот се намали втора година по ред во 2024 година, додека увозот се зголеми. Според медиумите, приходите што се остваруваат од туризмот и странските инвестиции се одлеваат во странство за набавки на стоки, што „сигнализира дека производствениот сектор наместо да се шири од зголемувањето на бројот на посетители, паѓа во бездна“. в