Организацијата на финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 е доделена на КК „Кожув“ од Гевгелија, објави Кошаркарската федерација на Македонија.
Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат во машка конкуренција односно во „Фајнал-фор“ формат во женска конкуренција, ќе се одигра во периодот од 13 до 15 февруари во спортската сала „26. Април“ во Гевгелија.
Четвртфинални двојки во машка конкуренција: ТФТ – Гостивар Пелистер – Чаир МЗТ Скопје – Работнички Куманово – Кожув.
Полуфинални двојки во женска конкуренција Крива Паланка – Вардар Баскет Кам - Бадел 1862