Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Шарлот со 129:115, со што го забележаа деветтиот последователен триумф во НБА лигата.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мареј со 34 поени.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ беше на асистенција до трипл – дабл, завршувајќи го натпреварот со 29 поени, 17 скокови и девет асистенции.

Арон Гордон додаде 18 поени и седум скока, додека Џулијан Стротер постигна 16 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2025 12:16