Џоел Ембиид повторно е изоставен од ростерот на Филаделфија сиксерс. На кошаркарот му беше извршен преглед на болното колено, по што беше одлучено да не игра ноќеска на натпреварот против Чикаго (110:142).

Ембид ќе се врати на тестирање во текот на денешниот ден по што двете страни ќе одредат кои ќе бидат следните чекори.

Според тренерот на 76-ките, Ник Нурс, прерано е да се каже дека Џоел нема повторно да се појави на теренот во тековната сезона.

- Во моментов, не се зборува дека тој повеќе нема да игра оваа сезона. Засега не знаеме како стојат работите, изјави Нерс.

Триесетгодишниот Ембид за Филаделфија игра од 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2025 11:59