Лос Анџелес лејкерс утринава го совлада Далас на домашен терен со 107:99 во натпревар од регуларниот дел од НБА-сезона.

Поранешниот кошаркар на Далас, Лука Дончиќ забележа трипл-дабл - 19 поени, 15 скока и 12 асистенции.

На почетокот на февруари, Маверикс го разменија Словенецот со Лејкерси за Ентони Дејвис, кој го пропушти натпреварот поради повреда.

Лејкерси го добија третиот последователен натпревар и се искачи на четвртата позиција во Западната конференција. Далас е деветти.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2025 11:20