Шесткратната олимписка шампионка и кошаркарка на американската репрезентација Дијана Таураси објави дека става крај на својата професионалната кариера.

Четириесет и двегодишната кошаркарка призна дека во јануари 2025 година почувствувала дека не и останала енергија да се подготви за новата сезона.

- Едноставно немав сила. Тогаш сфатив дека е време да заминам. Ментално и физички бев едноставно исполнета. Тоа се најдобрите зборови што можам да ги употребам за да го опишам чувството. Заситена сум и среќена, изјави Таураси за американските медиуми.

Американката е единствена шесткратна олимписка шампионка во екипните спортови во историјата и најтрофејната спортистка во олимписката кошарка.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2025 12:18