Александар Трајановски си поднесе оставка на функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје. Тоа го стори на денешната седница на советот.
Тој ја обвини градоначалничката Арсовска дека се грижи единствено за „кланот Сарај“, кажувајќи дека единствено се грижи само за Сарај, и дека сите директори на јавните претпријатија доаѓаат од Сарај.
– Да ми кажеше некој тогаш, дека сѐ ова што го правам за да со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ, уште тогаш ќе одбиев – рече Тајановски.
Исто така имаше замерки и за отказот на Косана Мазнева, која според него „се осмелила да се соочи против бандата од Комунална Хигеана“.