Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на СВР Скопје каде им врачил решенија на новите полициски службеници кои досега беа приправници и се распоредени во рамките на најголемиот сектор за внатрешни работи - Скопје.

- Деведесет и осум нови колешки и колеги ќе ја имаат честа да работата за безбедноста на своите граѓани во рамките на организациските единици кои ги покрива СВР Скопје. Им честитав уште еднаш на одлуката за избор на полициската професија, која е тешка, но пред се благородна мисија да работат за своите граѓани и безбедноста на својата татковина. Полициската професија не е само избор, не е само професија, туку повик, завет, кој секој еден млад полицаец го прифаќа со цел да ги чува своите блиски, своите граѓани, својата татковина безбедни и сигурни, што се предуслови за напредокот и благосостојбата на една држава, едно општество, потенцирал министерот Тошковски, соопштија од МВР.

Министерот Тошковски со раководството на МВР изразиле поддршка во обезбедување на добри услови за работа, постојани едукации, со цел на исполнување на врвниот приоритет за кој постои институцијата, а тоа е обезбедување на безбедноста на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2025 15:37