Од компанијата „Пуцко петрол“ попладнево испратија соопштение во кое категорично отфрлаат било каква вмешаност со набавката на мазут.
-Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го Пуцко петрол како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме.
Нападот врз Пуцко петрол, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ. Никогаш не сме увезуале Мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према Пуцко петрол надминува една милијарда денари.
Пуцко петрол не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ.
Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба, велат од компанијата.