Кошаркарот на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, е прогласен за најкорисен играч на 29. коло од Евролигата.

За плејмејкерот на турскиот клуб ова е прва награда МВП оваа сезона.

Ларкин вчеравечер го предводеше Ефес до гостинска победа од 97:92 над Баерн во Минхен со 25 поени. Тој имаше и 4 скока, 4 асистенции и 3 украдени топки.

За Ларкин ова е 18. Вакво признание во кариерата, што е рекорд во Евролигата



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2025 04:22