Орландо меџик вечерва го победи Кливленд кавалирс на гостински терен со 108:103 и ја прекина серијата од 16 последователни победи на тимот од Охајо.

Најзаслужен за победата на Орландо беше Паоло Банчеро, кој имаше дабл-дабл учинок - 24 поени и 11 скока.

Кливленд е лидер во Источната конференција на НБА-лигата со 56 победи и 11 порази.

Орландо се наоѓа на осмото место со биланс 32-37 (победи-порази)



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2025 02:43