Албанскиот премиерот, Еди Рама, во рубриката „Очи в очи“ одговарајќи на прашања на неговите следбеници на Фејсбук порача дека „Европската Унија е последната станица за спас од сенките на минатото“, додавајќи дека ова е најдобриот пат за државата, децата и иднината.

„ЕУ е станицата на нашиот конечен национален спас од сенките на минатото и од паѓањето во нивните раце и канџи. Нашето големо верување е дека се раѓаме, живееме и умираме овде, среде Европа, и дека ЕУ денес ни нуди вистинска, опиплива, остварлива можност за нас и нашите деца, и за децата на нашите деца и нивните деца“, рече Рама.

Според него интеграција е момент на трансформација, со која „пасошот му дава на секој Албанец подеднакво достоинство со кој било друг под заедничкото небо на Европа“

„Само кога ќе влеземе во ЕУ нема да биде толку важно кој владее овде. Од друга страна, исто толку конкретна е можноста секој Албанец да биде обезбеден со европскиот пасош на Албанија. Пасошот на ЕУ не е нешто што го дава владата, тој произлегува од влезот во ЕУ и ние мора да бидеме членки на ЕУ. Тоа е момент на трансформација, пасошот на секој Албанец му го дава она што досега го немал - подеднакво достоинство со кој било друг под заедничкото небо на Европа“, порача Рама.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2025 21:35