Лионел Меси нема да игра за Аргентина против Бразил во пресметката на двата гиганти на 25 март во Буенос Аирес, која е дел од квалификациите за Светското првенство.

Се испостави дека ветеранот има повреда, поради што не се најде во групата на тренерот Лионел Скалони. Четири дена претходно, шампионот ќе се соочи и со Уругвај.

Веста доаѓа неколку часа откако Меси запиша цели 90 минути за Интер Мајами во американското првенство.

Надвор од аргентинскиот состав е и Алехандро Гарначо. Сепак, повикани се Џулијано Симеоне од Атлетико Мадрид и Нико Паз од Комо.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2025 01:47