Ливерпул ќе има силен и позитивен одговор на „тешката и разочарувачка“ измината недела, изјави капитенот на клубот Вирџил ван Дајк.

„Црвените“ беа исфрлени од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и загубија од Њукасл во финалето на Карабао купот.

- Имавме тешка и разочарувачка недела. Тешко ми е да ги опишам моите чувства со зборови. Можам да кажам само едно - ќе одговориме, сигурен сум во тоа. Ќе се видиме повторно по репрезентативната пауза, напиша тој на Инстаграм.

Ливерпул ќе се бори само за еден трофеј оваа сезона, и тоа за најзначајниот. „Црвените“ водат во Премиер лигата со 12 бода пред Арсенал на само девет кола до крајот на сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2025 21:28