Поради деновите на жалост по големата трагедија во Кочани, Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) одлучи мечевите од 21 коло кај мажите, што требаше да се одиграат овој викенд, да се префрлат за 29/30 март.
Од понеделник до наредната среда ќе бидат одиграни само средбите меѓу Работнички и Куманово и Вардар и Тиквеш. Тие беа одложени токму во денот кога се случи катастрофалниот пожар.
Промени во распоредот за натпревари ќе бидат направени и во сите други конкуренции под капата на КФСМ.