Ветеранот во НБА-лигата, Џими Батлер постави клупски рекорд во Голден Стејт вориорс.
Во 17-от натпревар за својот нов тим, Батлер постигна 24 поени, осум скока и 10 асистенции. Тој ја надмина границата од 100 скока (101) и 100 асистенции (104). Ова е најбрзиот резултат во историјата на клубот.
Вориорс победија на 15 од тие 17 натпревари по доаѓањето на Батлер.
Тимот се искачи во плејоф зоната со скор 40-29 и на 4-то место на НБА рангирањето на најдобрите тимови