Вечерва во манастирот на Светите Петнаесет свештеномаченици во Струмица Викарниот епископ Стобиски Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија на МПЦ-ОА отслужи молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на настрадите во Кочани и на сиот народ, како и за покој на душите на загинатите.

На молебениот канон присуствуваа голем број верници, како и членови на семејството на трагично загинатиот струмичанец Џоко Ѓоргиев (24), тапанар на групата ДНК, која настапуваше во дискотеката во Кочани,

Во својата беседа пред присустните Владиката Јаков повика на сплотеност и заедништво и како што истакна во оваа трагедија нешто светло што може да се види е што сите загинати кои беа спомнати во молитвата е секого да го доживееме како наш брат и сестра.

-Деновиве слушам зборови и за вина како во овие денови да има простор да се зборува за тоа и да се обвини некој, но не слушнав никого себе си да се обвини, кој е виновен за трагедијата. Јас чувствувам вина заради тоа што мојата молитва како епископ на црквата не беше доволно силна, не беше доволно огнена и посилна од стихијата на огнот. Јас чувствувам вина заради тоа што ја немав таа духовна слобода пред Бог да влијаам и да ја променам божјата волја како што правале многу светители. Ако погледнеме длабоко и искрено во себе си ќе најдеме вина. Зборуваат за трулоста на системот, кој го чини системот? Но, не е денот и местото да се обвинуваме. Треба да тагуваме, треба да се молиме и човечки е да плачеме, ама не да очајуваме. Треба да си подадеме рака и треба да се сплотиме, треба да станеме едно. Кога тоа ќе го оствариме, тогаш ќе најдеме начин и ќе најдеме решение за се, истакна Епископот Стобиски Јаков.

Додаде дека трагедиите и несреќите секогаш го обединувале овој народ и како што рече, можеби и заради тоа постоиме, но и дека ќе го преживееме и ова и ќе излеземе посилн



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2025 05:21