Ливерпул ги засилува напорите да го ангажира 21-годишниот офанзивен играч за врска на РБ Лајпциг, Чави Симонс.

Според „Caught Offside“, германскиот клуб, кој првично побарал 100 милиони евра за играчот, е подготвен да се согласи на сума од околу 80 милиони евра пред летниот преоден рок.

„Црвените“ би можеле да се соочат со конкуренција од Манчестер сити и Баерн, кои исто така покажуваат интерес за Холанѓанецот.

Симонс оваа сезона одигра 25 натпревари во сите натпреварувања, постигна осум голови и пет асистенции.

Договорот на играчот од средниот ред со Лајпциг е до јуни 2027 година, а неговата пазарна вредност, според „Transfermarkt“, се проценува на 80 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2025 04:36