Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3:0 во Вадуц против Лихтенштајн ги отвори квалификациите за Светското првенство 2026.

Македонскиот тим уште по првото полувреме го реши прашањето околу победникот. Александар Трајковски во 8. минута и Висар Муслиу во 43. минута беа стрелци по првите 45 минути на стадионот „Рејнпарк“. Во вториот дел погоди и Бојан Миовски за конечни 3:0 за Македонија.

Селекторот Милевски го започна мечот со најдобриот состав. Имавме доста офанзивна поставеност, со Миовски, Трајковски, Чурлинов, Елмас, Барди и Алими во нападот и средниот ред. Тоа донесе притисок на Македонија и повеќе се играше на половината на Лихтенштајн.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2025 20:26