Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана би можел да се пресели во клуб од Саудиска Арабија во летниот преоден рок, објави денеска весникот „Сан“.

Според истиот извор, 28-годишниот Камерунец е заинтересиран за промена на клупската средина бидејќи повеќе не сака да игра во Англија.

Онана е дел од Манчестер Јунајтед од летото 2023 година. Сезонава одигра 40 натпревари во сите натпреварувања.

Онана има договор со Манчестер јунајтед до лето 2028 година, а неговата пазарна вредност се проценува на 32 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2025 00:20