Во најкраток рок, веќе во вторник ќе поднесам законски измени со кои ќе воведеме построги контроли за работа за градежните фирми. На секои 6 месеци ќе се прават контроли, а сите што го изиграле законот ќе забраниме да аплицираат за лиценца во рок од 1 година, истакна вицепремиерот Николоски.
„Ќе одиме со законски измени со кои ова ќе стане пракса, а не добра волја на министерот и вработените. Клучниот проблем е прашање на менталитетот. За сите овие 427 лиценци кои ние ги одземаме во моментот кога поднесувале документи ги исполнувале сите услови. Тоа е едно изигрување на системот, како што вели народот „да се снајдам“. Во моментот кога поднесуваат прават напори да ги исполнуваат условите, а веќе откако ја добиваат лиценцата не размислуваат дека тоа е трајна обврска. Тоа е однос кон себе и кон државата, ако направат лошо ќе настрадаат и самите. Затоа ако има контрола на шест месеци ќе воведеме ред. Сите ќе знаат дека ќе бидат проверувани. Не може едно исто лице да се јавува во десетина фирми. Повторувам наша цел не е да казнуваме, туку да се почитуваат законите и прописите. Оние кои поднесуваат барање за лиценца, никој со сила не ги тера да ги прават тоа, но мора да се вклопат во рамки на правилата и прописите на оваа држава“, истакна вицепремиерот Николоски.