Фудбалската репрезентација на Македонија и Велс одиграа нерешено 1:1 (0:0) во 2. коло од квалификациите за СП 2026.

Бојан Миовски го отвори резултатот во 91-та минута од натпреварот, додека Дејвид Брукс израмни во последните секунди од судиското продолжение кое траеше шест минути.

Навивачите во 59-тата минута со громогласен аплауз им оддадоа почит на 59-те жртви во трагичната несреќа во Кочани што се случи на 16-ти март

По првите две кола од новиот квалификациски циклус за СП 2026, Македонија има 4 бода. Следниот натпревар на нашата репрезентација е на 6.јуни против Белгија во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2025 03:49