Новинарот Фабрицио Романо ги демантираше информациите дека Кристијано Роналдо ќе се преселил во Интер Мајами за да игра заедно со Лионел Меси.
- Информациите дека Кристијано Роналдо и Лео Меси ќе играат заедно за Интер Мајами на Светското клупско првенство со краткорочен договор не се точни. Нема апсолутно ништо точно во овие гласини, објави Романо на социјалните мрежи.
Претходно во медиумите се појавија информации дека португалскиот напаѓач би можел да го напушти Ал-Наср и да потпише краткорочен договор со американскиот клуб за да игра на Светското клупско првенство.
Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули.