Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид сака да ја засили одбраната и во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира дефанзивецот на Тотенхем, Кристијано Ромеро (26), јавија денеска британските медиуми.

Аргентинскиот репрезентативец пропушти 27. натпревари оваа сезона поради повреда на бутниот мускул и се врати на теренот на 9. март.

Неговиот сонародник, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, во Ромеро гледа еден од најдобрите дефанзивци во светот. Но, проблемот е што неговиот договор со англискиот премиерлигаш е до крајот на јуни 2027 година. Ромеро неодамна го критикуваше раководството на Тотенхем во интервју за спортскиот канал на шпански јазик „Телемундо Депортес“.

„Последниве години се повторува истото сценарио, клучните играчи си заминуваат, тренерите се менуваат … Од друга страна, гледаме дека Ливерпул се засили, Челзи исто така, Манчестер Сити секоја година носи засилувања и постојано е во врвот на англискиот фудбал. Доколку го следиме нивниот пример и ние би можеле да се бориме за шампионската титула секоја година“, изјави Ромеро.

Аргентинецот дојде во Тотенхем во август 2022 година од Аталанта во трансфер вреден 52 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2025 13:42