Шведска планира да ги зголеми своите издвојувања за одбраната на 3,5 отсто од буџетот до 2030 година, што е поголемо и побрзо зголемување од претходно планираното.
„Предвидено е потрошувачката за одбраната да достигне 2,4 отсто од БДП годинава и 2,6 отсто во 2028 година“, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.
Министрите во шведската Влада се согласија дека тоа е неопходно откако САД предупредија дека европската безбедност повеќе не е примарен фокус на Вашингтон.
Претходно денеска Политико објави дека поедини јужни земји-членки на ЕУ одбиле да се финансираат со поволни заеми, бидејќи тоа може да доведе до зголемување на нивното задолжување, што е во спротивност со предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој вклучува пакет за заеми во вредност од 150 милијарди евра и итна клаузула за ублажување на фискалните правила на ЕУ.