Бразилскиот крилен напаѓач, Винисиус Жуниор изјави дека „селесао“ мора да направи промени во својата игра по поразот од Аргентина со 4-1 во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026.
-Треба да преиспитаме сè. Денес влеговме во соблекувалната и немавме за што да разговараме. Треба малку да размислиме што направивме на теренот. Игравме многу лошо, а Аргентина одигра многу добро пред своите навивачи. Ни треба промена. Се натпреварував на Светското првенство и загубив. Не сакам повторно да губам, рече Винисиус, цитиран од бразилските медиуми.
Аргентинците имаат 31 бод и веќе имаат загарантирано место во финалната фаза на турнирот од СП 2026 година. Бразилците се на 4. место во поредокот со 21 бод