Британската министерка за финансии Рејчел Ривс изјави дека сака земјата да стане „суперсила во одбранбената индустрија“ со вклучување дополнителни 2,8 милијарди фунти во нејзиниот ажуриран буџет.

Во услови на зголемени геополитички тензии и повици од американскиот претседател Доналд Трамп до Европа за да направи повеќе за да ја заштити сопствената безбедност, Ривс рече дека ќе се фокусира на нови технологии и иновации за зајакнување на одбранбената индустрија во земјата.

Според новите планови, 10 отсто од владиниот буџет за одбранбена опрема ќе се троши за нови технологии.

Министерката нагласи дека ќе се стави акцент на беспилотните летала и вештачката интелигенција, а на малите компании ќе им се овозможи подобар пристап до договорите за одбрана како дел од претстојната реформа на системот за јавни набавки.

Минатиот месец, премиерот Кир Стармер вети дека ќе ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2027 година



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2025 04:20