Комбинирани инспекциски служби составени од претставници на полицијата, финансиската полиција, на Дирекцијата за заштита и спасување и на пазарната инспекција изминатите денови спровеле контроли на ноќните клубови, дискотеките и кабареата во Охрид.
Контрола била извршена на сите угостителски објекти што изминатите две години поседувале лиценца за работа како кабареа или диско-клуб.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска пред медиумите посочи дека истовремено се спроведува и контрола на угостителските објекти, што како практика се спроведува секоја година во овој период од годината кога до Општината се доставуват елаборати за урбана опрема што се постаува на јавните површини и пред угостителските објекти.
Истовремено, тој истакна дека се врши контрола и на хидрантите во станбените објекти низ градот. Пецаков тука посочи дека поради негрижа и неодржување сите системи во објектите за колективно домување се најчесто нефункционални, притоа нагласувајќи ја неопходноста од нивно повторно оспособување.
- Таа состојба треба драстично да се промени иако Општината е таа која треба да препорача, зошто други се законите, инспекциите кои ги контролираат, истакна тој.
Што се однесува на јавните установи низ градот, Пецаков со оценка дека состојбата генерално е во ред.
- Во изминатите четири пет години во најголем дел од образовните институции со извршените реконструкции беа потребни и елаборати за противпожарна заштита и истите се контролирани од страна на инспекторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Сите недостатоци доколку ги имале, минатата недела имаше состанок од страна на лицето вработено во Општина Охрид за безбедност заедно со претставници на училиштата, ќе бидат отстранети, но генерално состојбата во јавните установи, основните, средни училишта, градинки и спортски сали е во ред, рече тој.