Ново видео се појави од почетокот на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
На истото се гледа дека дискотеката е преполна со посетители, а некои морале да чекаат ред за да излезат. Како што гори плафонот, така се слушаа врисоци „Излегувајте“, се гледа чад а толпата е зафатена од паника.