Новата политика што ја води Владата во развој на авиосообраќајот ги дава посакуваните резултати.

Десет нови дестинации и преговори за уште нови десетина, даваат нова димензија во развој на домашните аеродроми, истакна вицепремиерот Николоски на настанот по повод првиот лет од Истанбул до Охрид. Во продолжение изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски: “ Задоволство е да сме тука на пристигнатиот прв лет од Истанбул за Охрид. Ова е дел од новата политика што ја води Владата и сакам да се заблагодарам на премиерот на подршката и визијата, да не подржи минатата година кога му ја презентиравме оваа визија. Таа ги дава своите резултати, имаме 10 нови дестинации кон македонските аеродроми, две се овде во Охрид, едната е Истанбул-Охрид, втората е Базел-Охрид, имаме осум нови дестинации кон Скопје. Веќе следната недела на 2 април го имаме првиот лет од аеродромот Орли, од Париз до Скопје и очекувам дека овие дестинации ќе се зголемуваат. Би сакал да се заблагодарам на Туркиш ерлајнс што го избра Охрид и мислам дека тоа е голема работа за аеродромот и ќе донесе нова димензија. Ова директна линија ќе значи многу за туризмот така и за развој на бизнисот и на комуникациите затоа што многу конектинг летови ќе одат преку аеродромот во Истанбул. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Сиднеј за Охрид, од Вашингтон за Охрид и тоа е голема шанса за целиот регион, за Охрид, за Струга и Кичево, за Битола и соседна Албанија, затоа што очекувам бројни жители на Албанија да го користат охридскиот аеродром. Подршката ќе продолжи и во периодот што следува и секако со завршувањето на автопатот прво со Охрид - Кичево, па потоа и Кичево-Букојчани, Букојчани-Гостивар, Гостивар-Тетово и едно целосно автопатско поврзување, мислам дека охридскиот аеродром ќе има една нова димензија и многу повеќе патници. Нека е со среќа”, се обрати вицепремиерот Николоски



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2025 16:19