Објавени се добитници на наградите од конкурсот „Јас Итар Пејо” и Фестивалот на сатирата „Сатир” 2025. Како што соопшти селекторот проф.д-р Христо Петрески, добитник на наградата „Сатир“ е Трајче Кацаров од Штип, за книгата „Часовничарот”.
Во однос на наградите „Јас Итар Пејо”, награда за карикатура ја добија авторот од Битола, Блаже Докуле, авторот од Бугарија, Тошо Пеев и авторката од Буково, Кети Радевска.
Добитник на наградата за сатиричен расказ е авторката од Скопје, Ванѓа Радевска, а на наградата за сатирична песна е Чедомир Б. Шопкиќ од Скопје. Добитник на наградата за сатиричен драмски текст е авторот од Скопје Огнен Неделковски за книгата „Верка Шнајдерка”, а на наградата за афоризми е авторот од Бугарија, Пламен Георгиев.