Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција информираше дека е објавен новиот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата, со кој ќе се поттикне развојот на креативните индустрии во 2025 година.
Како што рече, со овој конкурс ќе обезбедат финансиска поддршка за проекти кои ќе го стимулираат развојот на креативните индустрии, создавајќи нови можности за претприемачите, младите уметници и креативни тимови.
Со тоа, напомена, ќе се овозможат повеќе вработувања, зголемување на конкурентноста на нашите креативни индустрии на глобалниот пазар и развивање на културниот туризам.
Љутков посочи дека се обезбедени 10 милиони денари, а конкурсот е поделен на шест видови на проекти - фестивал на креативни индустрии во траење од најмалку 15 дена, фестивал на креативни индустрии кој се одржува континуирано и досега се реализирани најмалку десет изданија, фестивал на креативни индустрии кој се одржува континуирано и досега се реализирани најмалку пет изданија, фестивал/саем/манифестација на креативни индустрии, изработка на колекција/серија на различни креативни/уметнички производи со изложба/презентација на производите и организирање конференција/форум од областа на креативните индустрии.
Според Љутков, развојот на креативните индустрии е еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам, а овој конкурс е еден од чекорите што ги преземаат за да обезбедат стабилен и одржлив развој на креативните индустрии во земјава.
-Во периодот од 2013 до 2017 година, Министерството за култура објави пет годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии, при што финансиски беа поддржани околу 270 проекти. На тој начин, на креативниот сектор му беше овозможена непосредна финансиска поддршка во функција на јакнење на креативната активност и промовирање на креативните производи. За жал, од 2018 година, претходната Влада и Министерството за култура целосно ги маргинализираа активностите за промоција и поддршка на креативните индустрии, кои како еден од најдинамичните и најбрзо растечки сектори во глобалната економија имаат голем потенцијал да влијаат на економскиот раст, на социјалната инклузивност и на развој на културната разноликост, рече Љутков.
Објавен конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, со кој ќе се поттикне развојот на креативните индустрии
Тој рече оти е убеден дека нашиот потенцијал за развој на креативниот сектор како дел од поширокиот сектор на културата и туризмот, ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи, подобрување на инфраструктурата, како и создавање на нови бизнис можности во културниот и туристичкиот сектор.
-Моја заложба како министер за култура и туризам е да продолжиме да вложуваме во поддршката на иновациите, креативноста и уметничките изрази, како и да создаваме платформи за нови генерации на уметници, дизајнери, продуценти и за сите други креативни професионалци, додаде Љутков.
Како што потенцираше, средствата што ќе бидат распределени преку овој конкурс ќе бидат насочени кон разни аспекти на креативните индустрии, односно проекти со потенцијал за создавање или подобрување на културни активности кои се значајни за заедницата и обогатување на локалната културна сцена преку иновативни и креативни решенија.
-Затоа ги повикувам сите креативци и организации да се пријават и да ја искористат можноста за реализација на своите идеи и проекти. Верувајте нашето општество има огромен потенцијал, и заедно можеме да придонесеме за подобрување на културниот, економскиот и туристички напредок што ни е потребен. Министерството за култура и туризам ќе продолжи да работи на поддршка на проекти кои ја афирмираат културата и кои создаваат нови вредности во општеството, додаде Љутков. Рокот за поднесување на пријавите за проекти за развој на креативните индустрии е до 28 април.
Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за култура и туриза