Министерството за образование и наука информира дека Република Романија преку програма за соработка доделува стипендии за магистранди, докторанди и изучувачи на романскиот јазик и култура, за академската 2025/2026 година.

-Станува збор за пет стипендии за магистарски студии, пет стипендии за докторски студии и пет стипендии за учество на летен курс за изучување на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација, наведува МОН во објавата.

Рокот за аплицирање е заклучно со 1 април 2025.

Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите, како и формулар за пријавување за стипендија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2025 04:05