Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Подгорица изјави дека Европската унија (ЕУ) не е држава, но дека високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Каја Калас, води опасна политика.

„Ништо лично, ништо против таа земја (Естонија), но се плашев дека таа ќе стане генерален секретар на НАТО, а таа стана министерка за надворешни работи на ЕУ - уште полошо. ЕУ не е вистинска земја, не е ни замислена како таква“, рече тој на предавањето на Факултетот за политички науки во Подгорица, на тема „Проширувањето на ЕУ како како геополитички императив“ заедно со црно, заедно со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Претседателот на Хрватска го критикуваше начинот на кој се избираат високи функционери на ЕУ, особено актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ја предложи Ангела Меркел.

„Шефот на ЕУ не треба да биде Германец. Тоа е преголемо прашање, Германија е преголема и моќна. Кога таква личност, кој никој не ја избрал, туку е договор меѓу политичките фракции, вели дека ЕУ ќе потроши 800 милијарди евра за одбрана, моето прашање е со кого се консултирала за таа бројка. Со кој астролог разговараше за тоа, рече Милановиќ, потсетувајќи дека и Жан-Клод Јункер даваше многу невнимателни и произволни изјави.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2025 04:33