Во рамки на сообраќајните контроли на МВР вчера на територија на целата држава издадени се 597 платни налози, од кои 200 се однесуваат на непрописно паркирање. Вкупно 92 случаи се за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Како што информира МВР, по основа на неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон при возење евидентирани биле 47, односно 16 прекршоци.

Полициските службеници откриле 50 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи. Во осум случаи санкционирани се возачи кои управувале под дејство на алкохол, додека изречени се и четири мерки за возачи на моторцикли кои не носеле заштитна кацига, а изречени се и 13 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата вчера биле евидентирани 17 нерегистрирани возила во сообраќајот, а седум возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2025 13:08