Управата за финансиска полиција во допис до медиумите демантира дека не постапувала по пријавите на вработени од приватната болница Оне хоспитал-Тетово, а како постапка наведува тоа што пријавата до нив доставиле допис до Трудов инспекторат.
Кај нив на електронска пошта на 1 јули 2024 година доставени биле три претставки, во кои е наведенодека Општата Болница „ОНЕ ХОСПИТАЛ“– Тетово, нема исплатено парични средства по основ на личен доход за месец 12/2023, 01/2024, 02/2024, 03/2024, 04/2024, регрес за годишен одмор, К-15 и додаток за ноќен труд, како и дека надоместокот по основ на дежурство од месец август 2023 година воопшто не се исплаќа.
Во истите претставки било наведено дека не се исплатени парични средства за прекувремена работа и дека на вработените не им е овозможено целосно користење на деновите од годишен одмор.
-Со оглед дека наводите од пријавата се однесуваaт на дејствија кои се предмет на надлежност на Државниот инспекторат за труд од наша страна на ден 22.07.2024 година е доставен допис до Државниот инспекторат за труд за нивно понатамошно постапување и по завршување на проверките да не известат за резултатите од истите. Од страна на Државниот инспекторат за труд – Тетово, а со цел проверување на наводите на претставките бил извршен вонреден инспекциски надзор кај гореспоменатиот работодавец при што од нивна страна билo констатирано дека од страна на одговорното лице било сторeно кривично дело по член 166 став 1 и 2 од КЗ и врз основа на тоа државните инспектори за труд, а врз основа на член 20 од Законот за инспекција на трудот до Основно Јавно Обвинителство (ОЈО)-Тетово било доставено известување, се вели во демантот на Управата за финансиска полиција.
Од Управата за финансиска полиција велат дека на 14.11.2024 година, за случајот побарале известување од Обвинителство, по кое на ден 20.01.2025 година добиле одговор.
-Во кој е наведено дека од страна на ОЈО Тетово е водена истражна постапка против Оне Хоспитал и одговорното лице во правното лице по повод пријавен кривично правен настан за неисплатени плати и придонеси за сите вработени во Општата болница Оне Хоспитал Тетово, за сторено кривично дело по член 166 од КЗ, по основ на која постапка пред Основен суд Тетово на ден 09.10.2024 година било доставено обвинение и на ден 18.10.2024 година од страна на истиот суд со пресуда К.бр.818/24 како правното лице така и управителот на правното лице се огласени за виновни и казнети по закон, судски акт кој претставува правен основ за побарување на плати и придонеси како и други договорени додатоци од плата за сите вработени во Болницата, се вели во демантот на Управата за финансиска полиција.
Според Управата, по однос на дел од претставките на докторите за неисплатен регрес од годишен одмор, додаток за ноќен труд, односно неисплатени дежурства, прекувремена работа и неискористени годишни одмори посочуваат дека претставуваат основи за граѓанско побарување на договорени права, преку поднесување на граѓанска тужба пред надлежен суд.
Од Финансиската полиција пренесуваат дека во одговорот на Јавниот Обвинител е наведено дека сите вработени од Општата Болница но и самите пријавители можат да се обратат до Основен Суд Тетово за добивање на препис од погоре посочената пресуда за натамошно остварување на нивните права и интереси во граѓанска постапка.