Јавната општинска установа Културно информативен центар-Битола викендов организра премиерно емитување на кратки филмови кои учествуваа во проектот „Биди ИН, сними филм“.

В сабота ќе биде премиерата на кратки филмови кои пристигнаа по првиот повик на кампањата за потикнување на филмската креатива кај младите битолчани, соопштија од ЈОУ КИЦ-Битола.

-Филмовите во овој повик беа тематски инспирирани од туристичка промоција на Битола, екологија и слободна тема. На овој начин Културен и информативен центара Битола, во чија надлежност е и Кино Манаки на Широк сокак, ја продолжува традицијата на создавање млада публика, како и идни сниматели, автори и филмски креативци во духот на браќата Манаки, соопштија од КИЦ-Битола



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2025 03:57