По налог на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, СПАК, вредноста на запленетиот и конфискуван имот минатата година се проценува на приближно 65,5 милиони евра, од кои 30 милиони имот на високи функционери.
-Податоците се содржани во извештајот на СПАК за 2024 година, кој е веќе доставен до Собранието. Специјалното обвинителство наведува дека оваа бројка ја вклучува вредноста на средствата запленети според Законот за борба против мафијата, Кривичниот законик и нормативниот акт (ОФЛ). Од вкупната вредност, околу 36,8 милиони евра е вредноста на конфискуваниот имот и околу 28,7 милиони евра е вредноста на запленетиот имот, објавија медиумите.
Вредноста на запленетите средства бележи значителен раст или околу 47 отсто, споредено со претходната година. Запленетите имоти вклучуваат луксузни вили, станови, гаражи, земјоделско земјиште, разни бизниси и возила.
Меѓу стотиците имоти на списокот се и оние на поранешниот претседател на државата и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, кој е во затворски притвор, неговата поранешна сопруга Моника Круемади, како и имотот на зетот на Сали Бериша, Џамарбер Малтези, кој е во домашен притвор поради корупција.