Килијан Мбапе, Антонио Рудигер, Винисиус и Дани Себаљос со контроверзни гестови го прославија својот неодамнешен пласман во четвртфиналето над Атлетико Мадрид. Мбапе се стискаше за меѓуножјето, а Рудигер правеше гест на колење со палецот преку вратот.

На Рудигер најмногу му се закануваше суспензија, но на крајот се извлече со „само“ 40.000 евра казна, додека Мбапе ќе плати 30.000 евра. Себаљос е казнет со 20.000 евра, а Винисиус остана неказнет.

Така сите играчи кои учествуваа во срамната прослава ќе имаат право на настап против Арсенал, чиј домаќин ќе биде Мадрид следниот вторник во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Исто така, денеска шпанските медиуми пишуваат дека голманот на кралскиот тим Тибо Куртоа ќе биде подготвен за двомечот со Арсенал, кој последните денови имаше проблеми со повреда и ги пропушти неодамнешните дуели со Леганес во Ла Лига и Сосиедад во Купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2025 05:06