Поранешниот германски репрезентативец и актуелен дефанзивец на Рома, Матс Хумелс ќе стави крај на својата натпреварувачка кариера на крајот од сезоната, објави фудбалерот во видеото објавено на социјалните платформи.

-Сега дојде моментот кој ниту еден фудбалер не може да го избегне. По повеќе од 18 години и многу работи кои ми ги даде фудбалот, летово ја завршувам кариерата. Во моментов се борам со моите емоции, вели Хумелс во видеото, на кое се прикажани неколку моменти од неговата кариера.

Хумелс се приклучи на младинската академија на Баерн Минхен во 2003 година и го имаше своето професионално деби со баварскиот клуб во 2007 година. Набргу потоа, тој се пресели во ривалите од Бундеслигата, Борусија Дортмунд за неговиот прв период таму од 2008 до 2016 година.

Навивачите на Дортмунд не беа среќни кога Матс Хумелс одлучи да се вртаи во Баерн Минхен во 2016 година, но тој на крајот го најде патот назад во Борусија Дортмунд три години подоцна.

По сезоната 2023/2024, сепак, договорот со дефанзивецот не беше обновен и Хумелс потпиша со италијанската Рома - неговиот прв клуб надвор од Германија.

-Знам колку многу значи целото ова патување, целиот овој пат. Колку беше неверојатно да се доживее сето ова бидејќи е потребно многу, само да се има вистински тренери во вистинско време, да се биде фит во вистинско време, да се имаат соодветни соиграчи во вистинско време, додаде Матс Хумелс.

Фудбалерот има шест титули во Бундеслигата и четири трофеи во Купот на Германија. Врвот на неговата кариера беше освојувањето на Светското првенство во 2014 година со репрезентацијата на Германија во Бразил.

Хумелс последен пат играше за својата земја во ноември 2023 година и не беше вклучен во тимот за Евро 2024.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2025 07:26